„Како не ти е срам, тежиш 12 милиони долари, а од нас бараш пари!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актерската ѕвезда од серијата „Modern Family“, Ариел Винтер, преку нејзиниот Твитер профил јавно бараше од нејзините обожаватели и пошироката јавноста бараше помош во вид на парични донации за лекување на нејзиниот болен братучед Тино, кому му се потребни 25.000 долари за лекарски третман.

Таа покрај објавата приложи и линк од сајтот за помош за нејзините фанови да и помогнат во прибирање на средствата.

Потоа објави и фотографии на кои е заедно со нејзиниот братучед Тино. Но, очигледно барањето пари, не беше добра идеја на која се реши актерката.

Веднаш следуваа стотици одговори во кои ја обвинуваат дека за само една епизода од хит серијата зема по 100.000 долари, а бара пари.

„Јас го прехранувам моето семејство. Како не ти е срам да бараш пари, кога имаш 12 милиони долари“.

Имаше и такви кои донираа и му посакаа побрзо оздравување на братучедот, но повеќето коментари беа негативни.