Како на цртан филм: Тинејџер од Скопје качен на дрво го спасувале пожарникари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ноќеска, околу еден и пол часот по полноќ, на улицата „Партизански одреди“ во Скопје, противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво.

Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Тинејџерот бил качен на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 1,30 до 2,10 часот.

Во спасувањето учествувале тројца пожарникари. Од полициската станица во Карпош не сакаа да дадат повеќе детали на случајот, пренесува МИА.