Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Археолшки тим пронајде богатство во форма на сребрени монети и накти закопани на германскиот остров Риген во Балтичкото Море. Скапоцените наоди датираат од десетиот век, односно од периодот поврзан со владеењето на данскиот крал Харалд Громсон.
Како што соопштија германските медиуми, првин двајца археолози аматери пронашле една монета.
Монетата била пронајдена во јануари во селото Шпроде, а потоа се вклучила и државната археолошка канцеларија, чии стручњаци минатиот викенд успејаа да ги ископаат сите вредни артефакти.
Според археолозите околу сто сребрени монети потекнуваат од периодот на владеењето на Харалд Громсон, познат како Харалд Синозабиот, кој живеел во десетиот век и го вовел христијанството во Данска.
Неговото кралство се протегало на територијата на денешна Данска, јужна Шведска, делови од Норвешка и северна Германија.