Advertisements
Вебкафе

Како на филм: Командоси во рација на подморница од нарко-картел во движење (видео)

Акција како на холивудски филм се случи во водите на Тихиот Океан, во која командоси од американската крајбрежна стража изведе рација на подморница на нарко-картел која беше во движење, при што беше запленета дрога „тешка“ еден милион долари.

Минатиот месец, американската крајбрежна стража забележала полупотопено пловило во источниот дел на Тихиот Океан.

Пред подморницата да успее да потоне под водата, тројца командоси од американската крајбрежна стража Катер Манро (ВМСЛ 755) скокнале на подморницата во движење.

На видеото објавено од страна на властите во четвртокот се гледа како еден од командосите го крши отворот на бродот со тупаница и се обидува да го отвори, пред да се појави шверцерот и да се предаде.

Во операцијата се откриени 7.700 килограми кокаин, со проценета вредност на 232 милиони долари.

Крајбрежна стража се вратила дома во Сан Диего со 17.700 килограми кокаин и 400 килограми марихуана во вредност од околу 569 милиони долари, кои успеале да ги запленат меѓу мај и јули во 14 одделни рации на бреговите на Мексико, Централна и Јужна Америка

Advertisements
To Top