Како можеше Болт да изневери ваква секс бомба?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога пред околу две години во јавноста и медиумите протекоа фотографии кои беа доказ дека спринтерскиот бог Усеин Болт ја изневери својата девојка Каси Бенет, таа му прости за тој негов испад.

А на карневалот во Јамајка, кој го посети Каси, таа покажа што ризикувал да загуби Болт со неговото неверство, покажувајќи го бујното тело и бомбастичните облини во атрактивен костим, кој повеќе ги откриваше нејзините атрибути отколку што ги сокриваше од погледите.

Парот е во врска уште од 2014. година. 28-годишната Каси станала позната пред две години, кога го бодрела својот партнер на Олимписките игри. Во тоа време во јавноста се појавиле и фотографии на кои се гледа дека Болт ја изневерува со тогаш 20-годишна студентка. Но, Каси му го простила неверството и останале заедно.

Егзотичната убавица и славниот спринтер го чуваат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но таа е активна на социјалните мрежи каде мами воздишки со атрактивните фотографии.