Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Андре Поино од Мичиген предизвика внимание на Фејсбук со неговите фотографии како чекори по вода на езерото Шарлево, во близина на неговиот дом, а фотката на која тој стои врз површината од кристално чистата езерска вода стана вирален хит на социјалните мрежи.
Секако, не станува збор за никакви натприродни моќи и способности, туку за една од најбистрите и кристално најчисти замрзнати водени површини кои сте ги виделе, па затоа и неговата фотка делува како оптичка илузија или фотомонтажа.
Езерото Шарлево се наоѓа во близина на Бојн Сити и се одликува со кристално чиста вода дури и кога таа е во тврда агрегатна состојба.