Advertisements
Живот

Како до лак за нокти кој ќе трае повеќе од една недела на вашата рака?

Најважно е добро да ги подготвите ноктите, а еве и како.

Ноктите секогаш се трудиме да ги налакираме што поубаво и подобро, но покрај секојдневните куќни обврски и којзнае уште што, лакот нема да издржи ниту два дена. Обично се почнува со нанесување на лак на врвот на ноктите бидејќи со нив фаќаме најмногу и тоа не изгледа баш згодно.

За да го продолжите времетраењето на лакот за нокти, еве неколку трика кои ќе ви помогнат во тоа:

Подгответе ги ноктите

Прво и осносно што треба да направите е да ги подготвите ноктите со посебна турпција за полирање на површината на ноктите. Тоа ќе ве осигура дека маникирот ќе ви потрае барем една недела. Само внимавајте турпијата да биде нежна и да не полирате премногу.

Особено внимание посветете на кутикулите

Неколку минути ставете ги ноктите во топла вода за да ги омекнете кутикулите, па подоцна може да ги потиснете надолу. Немојте никако да ја сечете кожата, бидејќи таа ги штити ноктите од инфекции.

Основата на лакот е клуч за добриот маникир

Основата на лакот ги штити ноктите од примената боја, а на него лакот може подобро да отседи. Пред лакирањето на ноктите нанесете основен лак кој може да биде и обичен безбоен.

Внимателно лакирајте

Дајте си време и правлно налакирајте ги ноктите. За почеток потегнете црта по средината на ноктите, потоа од летвата и потоа од десната страна. Секогаш оставете милиметар простор од кожата до почетокот на лакот и почекајте добро да се исуши.

Завршете со безбоен лак за нокти

Завршниот слој на лакот за нокти ќе го заштите со безбоен лак кој ќе ја продолжи трајноста. Најважно е слојот да не биде предебел, бидејќи ќе треба многу време да се исушат.

Advertisements
To Top