Како ќе изгледаше животот на Земјата без нашиот природен сателит Месечината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Месечината е природен сателит кој орбитира најблиску до нашата планета Земја и истовремено е најблиското вселенско тело до нашиот планетарен дом.

Нејзината старост се движи отприлика околу 4,5 милијарди години, слично колку и нашата планета. До денес науката нема дадено логично објаснување како настанала, иако за нејзиниот настанок постојат само неколку теории.

Она што со сигурност се знае за нашиот единствен природен сателит е дека тој не е само декоративен космички придружник на нашата планета. Доколку ја немавме Месечината, животот на Земјата ќе беше сосема поразличен и последиците би биле големи.

Доколку нема Месечина, денот би траел од шест до осум часа. За 24 часа Земјата се врти околу својата оска со брзина од 1.674 км на час, а ако не постоеше Месечината, ќе се вртеше со поголема брзина.

Месечината е заслужна за годишините времиња, доколку ја нема, може да дојде до нова ледена доба.
Иако не произведува сопствена енергија, сончевата светлина се рефлектира од нејзината површина, па затоа Месечината, по Сонцето, е најголемиот извор на светлина на небото. Се претпоставува дека би живееле во целосен мрак ако таа не постои.

Едно од најважните случувања во процесот на еволуција е излегувањето на животните од вода на копно. Водоземците се први животни што развиле способност да живеат на копно, но научниците сметаат дека овој вид би се појавил многу векови подоцна ако не била Месечевата светлина која им обезбедила сигурност во темните ноќи.

Приливот и одливот ќе беа намалени за 40% ако ја немаше Месечината. Освен што ѝ е многу потребна на Земјата, никој не може да го замисли небото без неа и убавината што му ја дава.