Како ќе функционираат општините доколку се одложат локалните избори?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Неизвесноста со формирањето на нова влада, го искомплицира и одржувањето на локалните избори. Откако вчера, ниту една партија не побара да се свика седница во Собранието, за да се распишат изборите, отворено е прашањето кога ти ќе се одржат. Но, сега се отвора и дилемата како ќе функционираат општините, доколку изборите се одложат, со оглед дека мандатот на градоначалниците истекува.

За да може да се одржат изборите во првата половина на мај, како што предвидува Изборниот законик, тие требаше да бидат распишани вчера.Ова доаѓа оттаму, што во Изборниот законик е наведено дека:

Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена, стои во Изборниот законик.

Но, Изборниот законик натаму предвидува дека изборите може да ги распише само претседателот на Собранието. Тоа е проблем оти Собранието нема избрано претседател, а новиот состав на парламентот одржа само една седница, на која беа само верификувани мандатите на пратениците, по што Трајко Велјановски ја прекина.

Веќе е извесно дека ќе треба да се менува Изборниот законик, за да може изборите да се одложат, или евентуално да се скусат роковите, во кои треба да бидат распишани и одржани изборите, а кои сега предвидуваат од денот на распишување до денот на одржување да не може да поминат помалку од 70 дена, ниту повеќе од 90 дена.

Но, исто така, веројатно ќе биде потребна и промена на Законот за локална самоуправа за со цел да се продолжи  мандатот на градоначалниците и советниците. За тоа пак е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Што значи дека, од формирањето на новото парламентарно мнозинство зависи и одржувањето на локалните избори.

Сепак, дека ситуацијата дополнително е комлицирана покажува и фактот што веќе од 22 март, почнува да им истекува мандатот на градоначлниците избрани во првиот круг на претходните парламентарни избори. Тоа пак значи дека нивните потписи веќе немаат правна основа, а исто е и со советнците.

Решението е во тоа дека градоначалниците ќе треба да делегираат лице во општината на кое ќе му ги пренесат своите надлжености, но не ќе може сите, со оглед дека дел од надлежностите се само на градоначалниците или пак се носат само со одлуки на советниците.

Според, Зоран Дамјановски, потпретседател во ЗЕЛС, зассега е јасно само дека во ваква ситуација, од 22 март, кај градоначалниците кои се избрани во прв круг, а потоа во следниот период и кај останатите градоначалници, кои се избрани во втор или трет круг, во општините ќе може да има само тековни активности, никако развојни. Тоа значи, ќе може да има плата за вработените во општината, но ќе нема вработувања, носења на урбанистички планови, издавања на решенија. Сепак, Дамјановски вели оти сеуште не е прецизно јасно кои надлежности ќе може да се пренесат во одговорното лице, во ваква ситуација но и дека засега немало никаков состанок на ЗЕЛС на оваа тема.

За еветуално прдолжување на мандатот на градоначалниците и советниците во општините,  кои по закон имаат мандат од 4 години, повторно ќе бидат потребни законски измени и формирање на парламенарно мнозинство.