Како изгледал Исус? Историчарите велат дека изгледал многу поразлично од сликите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исусовиот физички изглед не бил опишан во четирите евангелија, а денешната ментална слика од Исус е резултат на уметничките видувања кои датираат од 4 век.

Британската историчарка Јохан Е. Тејлор смета дека најдобар начин за стекнување слика од можниот изглед на Исус е со увид во археолошките за изгледот на луѓето од тоа време.

Во евангелијата не се споменува неговиот изглед

Тејлор сака да кажи дека сме стекнале ментална слика за она како милиме дека изгледал Исус. А тоа е, висок маж, со европско лице, долга коса и брада, пишува Дејли Мејл.

&

Меѓутоа, во ниту едно од евангелијата не содржи опис за физичкиот изглед на Исус. Никаде не се споменува ниту неговата коса или брада. Па сепак, потребата за да му се додаде лик е голема кај верниците.

Лентуолово писмо, Торинско платно…

Тејлор го цитира т.н Лентулово писмо за кое се претпоставува дека го напишал римски службеник, за кој се смета дека го видел. Тој го опишал како „висок и убав“, маж со костенлива коса која нежно му паѓала преку ушите. За жал, пишува Тејлор, Лентуловото писмо датира од средниот век, а не од римско време.

На првите слики имал магрешка глава

Научниот метод за утврдување на старост во 1988 година покажал дека ткаенината Торинско платно потекнува од среден век. Тоа платно во прв пат било изложено во североисточна Франција во крајот на 14 век.

Заговорниците за автентичноста на Торинското платно покрај се и понатаму веруваат дека тоа платно е вистинскиот израз на Исус. За жал, првите сведоштва за тоа како изгледал се ѕидните сликања, на кои бил претставен со магарешка глава. Тие цртежи најверојатно служеле за исмејување на тогаш новата вера.

Слаб, мускулест, темен и со кратка коса и брада

Тејлор пишува дека ликот со долга коса и брада  како што денес го знаеме, се појавил дури во 4 век. Понекогаш бил прикажувана и без брада, но не многу различен од класичната скулптура. Еден антихристијански пишуваш во втор век отишол толку далеку што го опишал како „низок, грд и неугледен“.

Според Тејлор најдобар начин за да се стекне слика за изгледот на Исус е да се анализираат археолошките докази на луѓето кои живееле во тоа време.