Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на денешницата во светски рамки, а со тоа доаѓа и големото богатство кое го поседува. Но, иако само во 2018 досега има заработено 111 милиони долари, тој е еден од најповлечените и најнерасипнички настроени (барем според информациите кои се добиваат) фудбалери.
Освен тоа што вози автомобил вреден 200.000 долари и живее во прекрасна куќа, малку е познато на што и како Меси ги арчи своите милиони, пренесува Business Insider.
Во 2017 година потпиша нов договор со кој си обезбеди приход од барем 80 милиони долари годишно. Според Forbes, Меси е втор најплатен спортист на светот и најплатен фудбалер, после пензионираниот Флојд Мејведер и пред ривалот Кристиано Роналдо.
Дополните 27 милиони долари Меси заработи преку спонзорства. Со Adidas потиша доживотен договор, а договори има потпишано и со брендови како Gatorade, MasterCard и Pepsi, меѓу другите.
Меси живее во вила која се наоѓа Кастељдефелс, приморско градче надвор од Барселона.
Уште ја поседува куќата во Аргентина во која пораснал. Иако таму веќе никој не живее, Меси го плаќа одржувањето на истата.
Посебно е близок со мајка му.
Понекогаш се вози со приватен авион, како кога одеше на доделувањето на „Златната топка“ во Цирих.
Минатата година се ожени со љубовта од детството, Антонела Рокузо.
Тие двајца заедно пораснаа во Аргентина, а и нивните семејства се многу блиски. Заедно имаат три деца.
Меси беше и на приватна аудиенција кај папата Франциск, кој е голем фудбалски обожавател.
Дозволи да се направи макета од неговата нога која беше продадена за 5 милиони долари, а парите беа донирани за санација на штетите од цунамито во Јапонија.
Повремено ужива во гламурозни годишни одмори.
Среќен е кога има шанса да се запознае со славни музичари.
…и други познати спортисти.
Во медиумите заврши и поради казната која му беше досудена за неплаќање данок и обид за измама на системот.
Но, за разлика од другите спортисти, тој на социјалните мрежи не го продава „брендот Меси“, па Инстаграм профилот му е релативно аматерски.