Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот клуб Валенсија се наоѓа во тешка криза и превирања во раководството.
Сингапурскиот сопственик Петер Лим побара поголема моќ при трансферите, што не му се допадна на директорот Матео Алемања, па веднаш најави заминување од клубот.
Тоа може да предизвика „домино ефект“, па од клубот да си замине и генералниот директор Пабло Лонгориј, но и тренерот Марселињо, кој во изминатите две години ја предводеше Валенсија.
Неговата замена е веќе спремна, а станува збор за Жозе Мурињо! Португалскиот стратег кој веќе подолго време е без ангажман е спремен да се врати во Примера.
Сопственикот Лим е голем пријател со агентот Жорге Мендеш, па успеал да му даде финансиски гаранции и заедно да го убедат Мурињо да седне на клупата на „лилјаците“.
Jose Mourinho podría acabar entrenando al ¡¡¡Valencia!!! https://t.co/NLdNzFkNhM
— OKDIARIO (@okdiario) July 29, 2019