Како е можно Кејт Мидлтон да изгледа ВАКА неколку часа после породување?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кејт Мидлтон вчера во 11 часот претпладне се породи и на свет го донесе своето трето дете и втор принц од бракот со Вилијам, а веќе околу 19 часот со Вилијам и новороденчето излегоа пред британската и светската јавност.

На многумина, особено на жените кои веќе имаат родено едно или повеќе деца, не им е јасно како може жена која се породила пред само неколку часа, да изгледа како да излегла од козметички салон, па уште и да може да чекори нормално и тоа облечена во чевли со потпетици.

За нејзиниот изглед се погрижи цел тим кој заедно со неа пристигнаа во породилното одделение, а при самото породување учествуваа околу 20 лекари и бабици.

Нема сомнеж дека Кејт имала лесно породување, а медиумите се распишаа дека во тоа успеала благодарение на автохипнозата.

Породувањето со автохипноза е еден од најновите трендови кои веќе го имаат испробано многу славни мајки. Самохипнозата се вежба неколку недели пред породувањето, а во текот на чинот на породување истата овозможува родилката да биде опуштена и мирна. Многумина тврдат дека автохипнозата има ист ефект како и анелгетиците.