Како домаќини се покажавме, сега уште да почнеме да играме фудбал: Македонија во друштво на Либерија и Намибија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека овие денови сите сме горди на успешната организација на Суперкупот на Европа, денес излезе новата ранг листа на ФИФА која не освести и ни покажа каде се наоѓа Македонија фудбалски!

Имено, Македонија назадуваше на новата ФИФА ранг листа за едно место и моментално се наоѓаме на 135-та позиција.

Колку е тоа место понижувачко за нас покажува и фактот што сега Андора е пред нас за цели 6 места, а на Македонија друштво и прават репрезентации како Либерија и Намибија.

Новата ранг листа донесе и промена на врвот, Бразил е нов лидер пред Германија и Аргентина. Во топ 10 уште се најдоа Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.