Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откријте ги малите тајни на големите мајстори на дерматологијата…
Водата е исклучително важна! Дневниот внес на вода не треба да биде помал од 2,5 литри дневно, со тоа што во летниот период треба да се зголеми на 3-4 литри. Доколку рамномерно го распоредите внесот на вода во организмот, не само што ќе имате повеќе енергија и нема да се чувствувате летаргично, туку и вашето лице ќе зрачи со свежина. Познато е дека дехидрацијата е веќе присутна кога човек ќе почувствува жед, па затоа е неопходно да се пие вода не за да се гаси жедта, туку воопшто да се спречи тоа да се случи. Фактот дека 90% од луѓето навистина не знаат да пијат вода е поразителен.
Намалете го или целосно елиминирајте го внесот на слатки! Вистина е дека шеќерот го подигнува нивото на хормонот на среќата – серотонин и на тој начин го спречува чувството на депресија, сепак, повеќето луѓе во текот на годините на консумирање слатки запаѓаат во маѓепсан круг кој веќе нема допирни точки со почетната потреба од шеќер. Имено, тие во текот на својот живот внесуваат во организмот се поголеми и поголеми количини на шеќер кои се непотребни за организмот за да го стимулира нивниот хормон на среќата, неуспешно создавајќи контра ефект и наштетувајќи штета на нивното здравје. Вишокот килограми, проблемите со акните и незадоволството од целокупниот изглед не се резултат на ништо друго освен прекумерно внесување шеќер во организмот.
Зголемете го внесот на протеини! Ако на вашето тело му недостигаат протеини, ќе почне да ги троши резервите, што многу негативно ќе влијае на изгледот на кожата на вашето лице, а со тоа и на нејзиниот квалитет. Со конзумирање на храна богата со протеини, на вашето тело ќе му ги обезбедите потребните залихи од нив и на тој начин ќе имате беспрекорен тен.