Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мет ЛеБланк ги спаси култните „Пријатели“ од предвремено распаѓање убедувајќи ја една од колешките од серијата да не се откаже од улогата. Станува збор за Лиза Кудроу, која ја играше улогата на Фиби Буфе во планетарно популарната серија.
Лиза тоа го откри во едно интервју за YouTube серијалот „Hiking With Kevin Nealon“.
„Глумев дека сум глупава девојка, секако, но тоа едноставно не бев јас. Се чувствував како гомно, но ги измамив. На аудицијата бев единствената која можеше да се носи со целиот аудициски процес и мислам дека затоа ја добив улогата. Морав многу да се потрудам да бидам Фиби. Многу се мачев, а тогаш ми пријде ЛеБланк прашувајќи ме што ми е“, раскажа Лиза.
Тоа било во 1997 година, кога ликот на Фиби го глумела веќе три години.
„Му реков: Не можам, мислам дека го немам тоа во себе, не знам што правам…А тој ми рече: Смирисе, ти си таа. Го можеш ти тоа, го работиш тој лик веќе три години. Премногу се трудиш. Тоа е твојот проблем. Не мораш толку да се мачиш. Опушти се. И беше во право“, продолжува Кудроу.
„Пријатели“ се прикажуваа до 2004 година, а првата епизода беше емитувана пред 25 години.