Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите луѓе се различни, па така и во кревет, сите имаат специфични желби. Докажано е дека мажите и жените немаат еднакви потреби и желби што се однесува на сексуалниот живот.
Кога станува збор за возбудување, тоа за некои знае да биде голем проблем. Ако имате проблем со чувствувањето на сексуални желби, постојат работи на кои треба да поработите. Кај жените сексот е најпрво емотивна и психолошка работа, а потоа физичка. Па така бариера кога станува збор за возбудување може да биде некој психички проблем кој мора да го решите.
Периодот во менструалниот циклус кај жените има големо влијание
Естрогенот односно женскиот полов хормон, игра голема улога, па така за време на овулација на менструалниот циклус жената има поголема желба за секс. А исто така во тој период жените се најплодни. Овој период е најдобар, затоа што оргазмите се јаки и интензивни.
Проблеми со хормоните може да придонесат за незаинтересираност и безволност
Покрај психолошките проблеми, можно е да не може да се возбудите поради половите хормони. Ако дојде до хипотериоза, или пореметување на метаболизмот некои од најчестите симптоми се безволност, успореност и поспаност. Тоа сигурно ќе влијае на сексуалната желба, но и на пореметување на менструалниот циклус кај жените. Разговарајте со вашиот доктор доколку осетите некој од овие симптоми.
Неискреноста и проблемите во врскта се проблем во креветот
Мажите тоа најмалку сакаат да го признаат, но тоа е една честа причина. А зошто жената не може да се возбуди може да бидат и проблемите во врската. Затоа што кај нив сексот е првенствено емотивна работа. Ваквите проблеми се јавуваат и кај мажите, и многу често доколку не може да се возбудат причина може да биде недоволна искреност.
Неоправдана нелагодност поради физичкиот изглед
Оваа ситуација може да се случи и кај мажи и кај жени, а тоа е нелагодно да се чувстуваат поради физичкиот изглед. Се препорачува да ги оттргнете сите стравови во врска со тоа уште пред сексот. Нема потреба да се криете или да ги гасите светлата, затоа што пред се мора да се опуштите. Таа личност не би била со вас доколку не и се допаѓате.
Дознајте каде точно да ја допирате жената
На некои тоа можеби не им е доволно познато, но жените имаат ерогени зони. Со допир на тие зони може да влијаете врз возбуденоста. Една од најважните ерогени зони кај жената е внатрешната страна на нозете. Со нежно галење и допирање, без допирање на половиот орган ќе ја возбуди жената. Покрај тоа вратот, брадавиците и долниот дел на грбот се неизоставен дел.
Со предиграта ќе завршите половина од работата работа
Кај жените и кај некои мажи, доаѓањето до главниот чин, може да потрае. Затоа е потребно добра предигра, со галење, допирање, масажи и бакнување. Во овој чекор дадете си доволно време.
Промена на поза и испробување нешто ново
Доколку имате секогаш ист партнер постои можност да ви се здосади. Затоа мора да внесете свежина во сексуланиот живот. Со експериментирање и испробување на некои нови пози, може значително да ги подобрите односите во кревет.
Без притисоци
Рзмислувате дека морате на партнерот или партнертката да му пружите сексуално задоволсто или дека мора цело време да сте возбудени. Тоа не е добро ниту здраво. Немојте да се лажите самите себе ниту вашиот партнер. Кога мислите дека не сте спремни или не сакате секс, тогаш одложете го.