Како да се стоплите на минус 15: Трикови со кафе, фолија и микробранова


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поларните студови периодов ја тресат Европа, па и Балканот, со што многу од луѓето се изложени на голем студ од кој не можат да се заштитат само со дебела облека. Затоа, експертите предлагаат корисни трикови со кои полесно ќе ја одржувате телесната температура и евентуално ќе избегнете последици од големиот студ.

Вистинско време за „ајс“ (ладно) кафе

Иако сигурно тоа не ви паѓа ни на крај памет, во вакви временски услови, подобро е да се напиете ладно, отколку топло кафе. Верувале или не, загревачките својства на кафето немаат никаква врска со неговата температура. Кофеинот е тој кој го стимулира вашиот метаболизам и го поттикнува телото на согорување на калориите и загревање од внатре кон надвор.

Но, зошто кафето да не биде топло во таков случај? Фората е во тоа дека, кога ќе се напиете нешто топло, нервните рецептори на јазикот испраќаат сигнали кон целото тело дека доаѓа нешто жешко и со тоа се поттикнува потењето. Иако устата, рацете и грлото на почетокот ќе ви бидат топли, тој процес, во суштина, го лади вашето тело (предизвикува ладење).

Шише жешка вода меѓу бедрата

Секој автоматски топлото (грејно) тело би го ставил на стомакот, со надеж топлината оттаму што побрзо да се рашири по цело тело. Вистината, меѓутоа, е дека со тоа само ќе добиете жежок и испотен стомак (особено ако на него имате вишок масни наслаги). Шише со жешка вода ставено меѓу бедрата многу побрзо и подобро ќе ја загрее крвта и ќе зафати со греење поголема површина од телото.

Залепете фолија зад радијаторите

Топлината од радијаторите, особено оние на надворешните ѕидови (а повеќето се такви), често се губи од причина што топлиот воздух е полесен и циркулира нагоре (се крева во горните делови од просторијата) и нанадвор и се впива во ѕидовите. Ако ставите алуминиумска фолија на ѕидот зад радијаторите, ќе ја задржите топлината во собата, со што ќе постигнете повисока внатрешна температура и ќе заштедите на греење.

Друг совет е над радијаторите да вградите некоја полица, која ќе спречи кревање на топлиот воздух нагоре и бегање надвор. Во никој случај пред радијаторите не треба да чувате некој дел од мебелот (кауч, тросед, двосед, комода или витрини) кои ќе го опструираат циркулирањето на топлиот воздух кон внатрешноста на собата.

Чорапи во микробранова

Нема ништо полошо од ладни стапала, а тие се првиот дел од телото кој почнува да се лади, бидејќи се најоддалечени од органите кои генерираат топлина. Греењето на чорапите во микробранова печка е паметен начин за решавање на проблемот со ладни стапала. Секој од чорапите свртете го наопаку и наполнете ги три четвртини со некоја житарица (ориз, на пример). Загревајте ги една минута. Житарките ќе апсорбираат топлина, греејќи ја внатрешноста од чорапите.

Куркума во чајот

Куркумата е зачин кој на карито му дава жолта боја и докажано грее, па е одличен додаток за вашата утринска напивка (чај, кафе, топла вода). Богата е со танин, органска супстанција која има ефект на сушење на слузот во телото, го впива вишокот влага и ја покачува телесната температура. Само пола лажичка куркума е доволно за да се збогати вашиот топол напиток. Можете да додадете и мед и лимон, ако ви смета нејзиниот вкус.

Затворете ги сите шуплини во домот

Додека 35 насто од топлината се губи низ ѕидовите и покривот, дополнителни 10 насто бега низ клучалките, просторот под вратите, прозорите и другите отвори во куќата. Не треба да биде којзнае колку иновативни за да ви текне тоа. Фокусирајте се најмногу на местата низ кои топлината најмногу излегува и таму поставете објекти кои ви се достапни низ дома, со што ќе ги затворите сите овие мали, но проблематични отвори.

Греење на чаршафите со фен

Оваа пракса има ист ефект како и електричното ќебе. Неколку пати поминете со сушалото за коса преку чаршафите и тие ќе бидат многу попријатни кога ќе си легнете.

Носете бела облека

Велат дека не постои лошо време, туку постои само лоша облека. Во овој период од годината, клучно е добро да се облечете кога излегувате надвор. Заблуда е дека црната боја на облеката е најдобра за зима. Белата боја делува како рефлектор, што значи дека подолго може да ја држи телесната топлина на вашето тело. Кашмирот е материјал кој во зима е на цена, бидејќи е најтопла природна ткаенина.