Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во рамки на церемонијалното доделување на наградите SAG, сето медиумско и јавно внимание го привлекоа Бред Пит и Џенифер Анистон, славниот брачен пар кој се разведе пред 15 години. Особено една фотографија ги запали социјалните мрежи со нивната меѓусебно блискост, топлина и срдечност.
Бред и Џенифер се сретнале во бекстејџот, размениле неколку зборови и се смееле, а тие моменти беа фатени од страна на фоторепортерите. Но, додека Џенифер сакаше да си замине, Бред продолжи да и ја држи раката, фотка која во моментов најчесто ќе ја видите на Инстаграм, Твитер, Фејсбук и други социјални платформи.
Not to be dramatic but this is the best thing that’s ever happened to us. #SAGAwards https://t.co/FjE7kmWw6Z pic.twitter.com/K9d4soUxME
— E! News (@enews) January 20, 2020
„Знам дека е погрешно затоа што тој ја изневеруваше, но посакувам повторно да бидат заедно“, „Може ли конечно повторно да бидат заедно заедно? Не можам да се справам со овие фотографии“, „Оваа фотографија на Бред и Џен … Не зборувај со мене!“, „Оваа фотографија ќе го сруши интернетот”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Подоцна, Пит беше снимен како на телевизор позади сцена го следи говорот на Џенифер Анистон при приемот на наградата.
По церемонијата на доделување на наградите, новинарка ја замоли Џенифер за коментар, а кога го спомна Бред, таа кратко рече: „Тоа е слатко“.
Потоа, таа продолжи да зборува за тоа како оваа награда многу и значи, бидејќи доаѓа од колегите.
“Сите растевме заедно и се чини дека ова е забавна ноќ каде можеме да навиваме едни за други. Убаво е да се собереме и да излеземе, да ги поддржуваме своите пријатели и нивната работа, да се инспирираме едни со други за да продолжат да работат. Како што рече Бред , утре повторно сме на работа “, заврши Џенифер.
Да потсетиме, парот се разведе во 2005 година, откако Бред ја запозна Анџелина Џоли.
Патем, Бред на ова доделување ја освои наградата за најдобар перформанс на „Anytime“ во Холивуд, а Џенифер за нејзината улога во драмската серија „The Morning Show“.