Како да реагирате ако детето често ви е несреќно?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Треба ли да го препуштите само на себе расплаканото и очигледно несреќно дете, додека нешто во вас вели дека треба да му пружите инстант утеха?

Нема родител кои не сака да реагира на несреќата на своето дете, колку и да е мала. Но експертите сепак нагласуваат дека и тука треба да се реагира со доза на умереност. Затоа што секој од нас е среќен и несреќен, односно не е возможно цело време да се биде само среќен. Поради тоа погрешно е децата од мали да ги учите дека во секој дел од животот треба да бидат среќни.

Кога ќе се оттргнете од тоа чувство, ќе ви биде полесно и во моментите кога ќе треба да го видите детето несреќно. Мора да препознаете кога треба да помогнете кога детето е несреќно, но тоа да не биде за секоја ситница. Најдобро би било да се присетите како било кога вие сте биле дете.

Следете ги овие совети и не би требало да имате проблем со препознавањето на вистинската несреќа на детето.

Среќата не се купува, таа се дава

A post shared by Richard Moody (@richm782) on


Секое дете е несреќно кога нема да добие нова играчка, но ако таа несреќа ја компензирате со вашето пристуство и близина. Сигурно тоа ќе му приушти поголема среќа отколку да добие нова играчка.

Помогнете им да пронајдат пријател

Многу родители мислат дека играчките ги усреќуваат децата, но ако детето е осамено не постои таква играчка која ќе го развесели. Тоа е така затоа што на сите нас ни требаат пријатели а вие треба на детеото да му овозможите таква прилика.

Уживајте да им бидете родител на децата

A post shared by Paulina (@stay_strong_p) on


Децата обожаваат да ги гледаат среќни своите родители, но тие ќе ја препознаат лажната насмевка. Затоа мора да внимавате што повеќе среќни моменти да му пружите на детето, така и тоа ќе биде посреќно.

Дозволете им да ве научат

Вашето животно искуство можеби ве направило сериозен и возрасни навики, но за одлегување на детето мора да го разберете. Дозволете да ве воведат во нивните „води“. Тоа ќе ги усреќи.

Научете ги дека среќата секогаш е нивни избор

И дека секој ја бира својата среќа. Ние големите тоа веќе го знаеме, а ред е што побрзо да ги научите и децата на тоа. Изборот дали ќе бидеме среќни или не е на нас, дали наутро ќе се разбудиме среќни или цел ден ќе се тешиме дека немаме среќа е наш избор.