Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Генерално, сите корисници на Messenger и Viber можат да знаат по знакчето за нотификација дали и кога нивната испратена порака примачот ја прочитал, но малкумина знаат дека лицето кое испратило порака може и да не го доби тоа известувачко знакче дека пораката која ја испратило е прочитана од примачот. За тоа постојат мали трикови кои нудат такво решение.
За Google Chrome постојат неколку екстензии кои ја блокираат опцијата “seen” и овозможуваат мирно да читате пораки без испраќачите да знаат дека сте ги прочитале.
Една од тие екстенции е едноставно наречената “Unseen“. Сè што е потребно да направите е да го преземете додатокот, да го активирате и раат сте.
Airplane mode
Ви стигнала порака, ве копка желба и љубопитство да видите што пишува, ама не сакате одма да одговорите и не сакате испраќачот да види дека сте ја прочитале пораката?
Активирајте ја опцијата “airplane mode”, влезете во апликацијата, прочитајте ја пораката и потоа исклучете ја апликацијата. Само не смеете да излезете од апликацијата бидејќи така испраќачот ќе види дека сте ја прочитале пораката веднаш кога ќе ја исклчите airplane mode опцијата, туку мора да го исклучите со користење на опцијата за чистење на меморијата.