Како да откриете дали вашата лозинка е хакирана?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите досегашни непријатни ситуации и афери кои во последно време се случуваа во врска со безбедноста на личните податоци на интернет, не принудуваат да се обидеме што повеќе и подобро да ги обезбедиме нашите кориснички сметки на разните комуникациски и социјални платформи.

Има неколку начини и алатки со чија помош можете да дознаете дали некој ја хакирал вашата корисничка сметка и дали вашите е-меил адреси и лозинки се украдени и компромитирани.

Have I Been Pwned

Овој сајт ќе ви помогне да расчистите со евентуалните сомнежи дали вашата приватност на интернет е компромитирана и загрозена. Преку овој сајт можете да откриете дали вашите адреси се јавуваат во базите со податоци кои се компромитирани.

Еден од главните и основни совети за заштита на приватноста на интернет е да одбегнувате користење на истото корисничко име и лозинка на повеќе места.

Checkup Chrome Extension

Тука е и алатката Checkup Chrome Extension. Оваа алатка секогаш проверува дали вашата лозинка е злоупотребена кога ќе се логирате на некој сајт.

Password Managers

Уште една апликација, како и Keeper and Dashlane, ќе ве извести ако вашата лозинка се јавува во база на податоци со злоупотребени лични податоци.

Истата нуди можност и начини за надоградување или промена на лозинката со цел вашата корисничка сметка да остане безбедна и заштитена.

Login History

Страници како Google и Facebook ви нудат увид во листа со секое ваше логирање на вашата сметка кај нив и секој обид за логирање на вашата сметка и од каде доаѓа истиот.

Privacy Rights Clearinghouse

Со оваа „он-лајн“ алатка можете да ги набљудувате и следите безбедноста и компромитираноста на вашите податоци.

Дополнително, можете да активирате потврда за лична автентичност со два фактори и да спречите нечие друго логирање на вашата сметка, дури ако тој некој друг ги има точното корисничко име и лозинка.