Home Рецепти Како да направите чоколадни велигденски гнезда

Како да направите чоколадни велигденски гнезда

Како да подготвите чоколадни велигденски гнезда

Велигден, како еден од најголемите верски празници, бара многу подготовка – особено ако планирате да повикате семејството на ручек и дружење.

Од вапсање јајца до подготвување ручек, не е лесно сè да се постигне кога има повеќе луѓе. Но кога станува збор за десерт – тука може да си олесните. Оваа година изненадете ги сите со неверојатни и уникатни чоколадни гнезда кои, покрај прекрасниот изглед, ќе ги воодушеват сите со својот вкус. Нивната подготовка не одзема многу време, па лесно можете да ги направите истиот ден.

Постои и еден „таен“ состојок – дознајте кој е тој!

Состојки:

  • 350 грама чоколадни капки (парченца)
  • ¾ чаша путер од кикиритки (може и путер од други јаткасти плодови)
  • 5 чаши пржени нудли во масло
  • 5 чаши кокос
  • зелена боја за храна (за кокосот)
  • чоколадни јајца или бонбони по избор

Подготовка:

Во тенџере растопете ги чоколадните капки и додадете го кикирит путерот. Мешајте постојано на тивок оган додека состојките не се растопат и соединат (околу 5 минути). Во голем сад ставете ги нудлите, а потоа прелијте ги со растопената чоколадна смеса. Добро измешајте.

На плех ставете хартија за печење и со лажица ставајте по две полни лажици од смесата. Обликувајте ги во форма на гнездо и повторувајте додека не ја потрошите целата смеса. Потоа ставете ги во фрижидер 30 минути за да се стврднат.

Во меѓувреме, направете “јадлива трева” така што во кокосот ќе додадете неколку капки зелена боја и ќе измешате добро.

Сервирајте така што на чинија ќе ставите “трева” од кокос, врз неа ќе ги наредите чоколадните гнезда, а во секое гнездо по неколку чоколадни јајца. Вашиот интересен велигденски десерт е подготвен за уживање!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Рецепт за сочен велигденски ролат со чоколадо, кикиритки и бадеми

Состојки: Бисквит: – 4 јајца – 100 г шеќер – 10 г ванилин шеќер – …