Како да легнете Русинка: Скандалозен прирачник објавен пред Светското првенство во Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во очи почетокот на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Русија, фудбалскиот сојуз на Аргентина издаде прирачник за рускиот јазик и култура, но и за начините на кои може да се заведуваат Русинките и да се има секс со нив.

Прирачникот го состави Едуардо Пениси, кој инаку е експерт за руски јазик, а едно од поглавјата во него носи наслов „Како да ви се посреќи со Русинка“.

„Русинките, како и другите девојки, внимаваат на тоа дали сте чисти, дали добро мирисате и сте добро облечени. Првиот впечаток им е многу важен, па внимавајте на тоа како изгледате“, советува тој.

Во друг извадок пишува: „Русинките не сакаат да ги третирате како објекти и мразат напорни мажи. Не бидете негативни. Не поставувајте прашања со стари фори, бидете оригинални“.

„Сакаат кога мажите преземаат иницијатива. Ако не знаете како се прави тоа, вежбајте на други жени пред заминувањето во Русија. Многу мажи сакаат да имаат секс со Русинки бидејќи се прекрасни“, додава авторот.

„На Русинките сексот им е нешто многу интимно и за него не се зборува во јавност“, се истакнува во прирачникот и се додава дека Русинките се пребирливи бидејќи се прекрасни и можат да го имаат кого сакаат.

„Ќе налетате на жени кои ги интересира матиријалното, колку пари имате и слично. Без грижа, во Русија има многу убави жени и не се сите добри за вас, бидете селективни“, се препорачува во скандалозната книга.