КАКО ДА ИМАТЕ ВРСКА ЗАСЕКОГАШ: Ова е најважната особина на среќните и заљубени парови!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Психилогот Џон Готман уште во 1986г разви интересна теорија за тоа што ги држи паровите засекогаш заедно.

Откако со децении набљудувал илјадници брачни парови од почетокот на нивниот брак, успеал да предвиди кој брак ќе потрае, а кој не, и тоа со успешност од 94% па така дошол до заклучок дека клучот за долгата и среќна врска е љубезноста.

При проучувањето на паровите утврдил дека партнерите кои меѓусебно постојано се љубезни и великодушни и водат смирени разговори имаат најголеми шанси за опстанок на врската, односно бракот.

Од друга страна, паровите кои постојано се меѓусебно нервозни и непријателски настроени имаат најголеми шанси за раскин, односно развод.

Љубезноста создава пријатна атмосфера во врската и помага подобро да се решат проблемите. Наместо да се навредувате и омаловажувате кога се расправате, смирено треба да објасните зошто сте лути и полесно ќе дојдете до решение, советува Готман, но истовремено предупредува дека тоа не значи дека лутината треба да си ја чувате во себе, туку да ја искажете на поразличен и попристоен начин.