Како да ги спречите алергиските симптоми: Еве неколку начина, а тоа да не бидат таблети


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пролетта е тешко поднослив период за сите кои имаат алергија на полен, но еден индиски лекар, открива супер трик како да ја спречите алергиската кивавица.

Симптомите за алергија на полен се во глобала кивање, течење на нос, кашлица, чешање на очите, замор и главоболка. За разлика од класичната настинка, алергиската реакција на полен може да трае неколку недели или месеци, што оневозможува нормално функционирање во текот на пролетта. Лекарите откриваат што може да ви помогне за да ги регулирате симптомите на алергија, а да не се во прашање таблети.

Експертите истакнуваат дека напорната поленска кивавица можете да ја спречите ако во внатрешноста на носот намачкате малку вазелин кој ќе спречи поленот да ја надразни слузокожата. Исто така, се советува косата и гардеробата да ја измиете секоја вечер кога ќе влезете дома за да се оттргне пиленот, затворајте ги прозорите во текот на денот и носете големи очила за сонце. Ако сте алергични на полен, избегнувајте храна како шеќер, прераобтени јаглени хидрати, зеленчук, сончогледово масло и масти, бидејќи нивното внесување во организмот може дополнително да ги направи полоши симптомите на алергија.