Како 200.000 пчели се спасија од пожарот во сандаци на покривот од Нотр Дам?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Околу 200.000 единки на пчели во сандаци сместени на покривот од париската катедрала Нотр Дам, кој минатата недела беше зафатн од пожар, го преживеаја ужасниот огнен пекол кој ја зафати црквата.

„Пчелите се живи. Ми олесни кога гио видов сателитските снимки , на кои се гледа дека три кошници не се изгорени”, вели пчеларот Николас Гант.

Тој објаснува дека причината зошто останале живи е таа што пчелите немаат бели дробови и дека чадот од пожарот само ги онесвестил , а не можел да ги задуши.

Кога пчелите почуствуваат пожар , тогаш се нафрлуваат на медот и ја чуваат матицата. вели дека европските пчели никогаш не ги напуштаат своите кошници.

Гант за пчелите во Нотр Дам се грижи од 2013 , како дел од иницијативата на локалните власти за да се згоелми бројот на пчелите , кога сандаците биле поставени на покривот.

Просечно секоја кошница на Нотр Дам произведува по 25 килограми мед , што им се продава на вработените.