Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Изгледа дека битката за заштита на името како бренд помеѓу Кајли Миног и Кајли Џенер дојде до својот крај.
Австралиската пејачка Кајли Миног веќе има свои етаблирани брендови како Kylie Minogue darling, Lucky – the Kylie Minogue musical и Kylie Minogue, а сè започна во април, 2015 година кога Американката Кајли, со презиме Џенер, поднесе барање за заштита на своето име како бренд, кое пејачката го оспори тврдејќи дека тоа го загрозува нејзиниот бренд.
„Кајли Миног е меѓународно призната пејачка, хуманитарна активистка и активистка за борба против ракот на дојката позната во светот како Кајли, додека Џенер е споредна личност од реалните телевизиски шоу програми“, напишаа застапниците на Миног во писмото кое беше испратено до US Patent и Trademark Office, аргументирајќи ги тврдењата дека Кајли Џенер не може да го заштити своето име.
Patent Office засега ги одби барањата на Џенер, но таа планира да поднесе жалба за да може да го користи брендот Kylie за своите модни и козметички линии.