Кајли Џенер ќе стане најмладата МИЛИЈАРДЕРКА која своето богатство го стекнала самостојно!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дваесетгодишната американска телевизиска риалити ѕвезда, и модел воедно, Кајли Џенес досега заработила 900 милиони долари, а магазинот Форбс пишува дека наскоро ќе стане најмладата милијардерка на светот која своето богатство го стекнала самостојно.

Кајли 900 милиони долари заработи благодарение на својата линија козметички производи кои ги покрена пред две години.

Кога нејзиниот имот ќе достигне вредност од една милијарда, Кајли ќе стане најмладата милијардерка на светот која своето богатство го стекнала сама и ќе го престигне основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг кој стана милијардер во 23. година, Форбс предвидува дека тоа ќе се случи во следната година.

Кајли Џенер е на 27. место на листата на Форбс на најбогати самокреативни жени во САД.

Некои корисници на социјалните мрежи ја оспоруваат употребата на поимот „самостојно“ од страна на Форбс истакнувајќи дека нејзините родители се богати и познати.