Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вработен во скопски Комуналец вчера доцна вечерта, на пат кон село Горно Оризари, покрај патот нашол црна пластична ќеса во која имало завиткано безживотно тело на девојка.
„Вчера во 16,05 часот во СВР Скопје, машко лице пријавило дека на патот кон село Горно Оризари додека извршувал работни задачи во нива која била во близина на патот, пронашол црна вреќа во која имало човечки труп. По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за жена“, соопштуваат од МВР.
Истрагата покажа дека девојката била убиена, ставена во црна кеса, па фрлена покрај патот. Како што дознаваме од извори од истрагата, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари, пренесува Мкд.мк.
Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала, како и дали сторителот кој што ја убил оставил траги кој можат да ги донесат надлежните до него.
Надлежните го истражуваат случајот, а откако ќе бидат завршени анализите од обдукцијата, ќе може да се соопштат повеќе детали околу насилната смрт кај девојката, како и тоа дали трагите ќе ги одведат надлежните кон можен осомничен.