Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Животните трошоци во Македонија растат, а со нив расте и инфлацијата, пренесува Алсат.
Новата 2022 година македонските граѓаните ја дочекаа со поголеми трошоци. Статистика измери поскапување на низа производи и услуги во јануари во споредба со декември минатата година. Поскапени се кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, овошјето, зеленчукот, чоколадата, џемот, медот, како и алкохолот.
И покрај замрзнатите цени на лебот и на другите основни прехранбени продукти, како зејтинот и шеќерот, статистика забележува поскапување и кај нив.
Поскапени производи:
Кафе, чај, какао 4,3%
Риба и морски плодови 3,5%
Овошје 3,4%
Зеленчук 2,5%
Шеќер, џем, мед, чоколада 1,4%
Лебот и жита, масло и масонотии 1,2%
Алкохол 0,5%
Во јануари пораснале и цените на струјата, парното, чистењето, горивата, медицинските производи и услуги.
Повисоки цени:
Централно греење за домаќинства 14%
Струја за домаќинства 9,4%
Чистење и поправки 9,3%
Течни горива за домаќинства 3,3%
Горива и мазива за возила 2,3%
Медицински производи 1,5%
Медицински услуги 0,9%
Сите овие поскапувања влијаат врз стапката на инфлацијата.