Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да се правеше муабет за австралискиото семејство Замит пред само пет години, веројатно немаше да има ништо возбудливо и драматично да се каже за нив. Но, денес, тие интересна и несекојдневна приказна поради нивниот имот и нивниот семеен став во однос на градежните понуди кои ги добиваат поради градежната експанзија во Сиднеј.
Замит е австралиско семејство со имот и куќа во Сиднеј кое одби своето земјиште да им го продаде на градежници кои масовно ја изградиле целата околина и покрај милионските понуди што ги добива.
На снимка од дел од предградието Квејкерс хил се гледа еден голем зелен плац сред бескрајните редови новоизградени речиси идентични куќи. Имотот е во сопственост на семејството Замит кое одбива да го продаде без разлика милиони австралиски долари што се понудени за плацот.
Се работи за плац од 2 хектари (20.000 м2) на кој агентите проценуваат дека би можеле да се изградат меѓу 40 и 50 куќи, а секој блок за куќа од по 300 м2 веројатно би се продал за милион долари.
Членовите на семејството Замит објаснуваат дека до пред наездата на инвеститори и градежници целата област била земјоделско земјиште со спорадично по некоја куќа.
Причината зошто не продаваат е затоа што не сакаат да се стискаат и им се допаѓа ширината што ја имаат.