Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Post Office Travel Money“ ги спореди типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, разгледување и слични активности.
Барометарот на градските трошоци покажа дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9000 денари. Само 40 денари треба да се одвојат за кафе, а само 4000 денари за две ноќи.
Катовице на југот на Полска е на второто место на листата на најповолни европски градови, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус.
Главниот град на Хрватска е исто така во првите 10 најповолни градови за викенд одмор, односно на седмото место. „Post Office Travel Money“ пресметал дека ви требаат 14 500 денари во Загреб за викенд.
Оваа година, Осло се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи ви требаат 30.000 денари за викенд. Во просек ќе плаќате 500 денари за пиво во главниот град на Норвешка, а 11.000 денари за две ноќевања во хотел со три sвезди.
Најповолни европски градови во 2021 година според City Cost Barometer:
1. Тирана, Албанија
2. Катовице, Полска
2. Вилнус, Литванија
4. Лисабон, Португалија
4. Рига, Латвија
5. Варшава, Полска
7. Загреб, Хрватска
8. Будимпешта, Унгарија
9. Братислава, Словачка
10. Краков, Полска