Каевски го спореди Заев со Тито: Заев направи најмногу за сегашната генерација, како Тито за претходната!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, кој истовремено е претседател и на социјал-демократската младина, во синоќешното гостување на „Клик Плус“ на ТВ 21, го спореди премиерот Зоран Заев со поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито.

Во истиот стил како што младите политичари во поранешна Југославија го воспевале тогашниот доживотен претседател, глорификувајќи го и со тоа градејќи го култот на личноста кон Тито, моменталниот претседател на СДММ, како и на Агенцијата за млади и спорт, го спореди Заев со Тито.

„Најмногу за нашите родители направил Јосип Броз Тито. Ќе дојде време, ние на нашите деца и внуци, ќе им раскажуваме, дека во времето на Зоран Заев, со Владата, успеал да го реши деценискиот спор за името со Грција“, истакна Каевски, по што неговиот соговорник во дебатната емисија на ТВ 21, Александар Пандов од ВМРО ДПМНЕ, се изнасмеа.