Кадиров ги провоцира украинските власти: „Можеби веќе сме во Киев и само ја чекаме потребната наредба“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, преку видео-порака на „Телеграм“ тврди дека пристигнал во Украина.

На видеото Кадиров вели дека пред неколку дена се наоѓал во непосредна близина на непријателските сили во Украина на место каде што се воделе жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

-Пред некој ден бев на околу 20 километри од вас, киевски насцисти, а сега сме уште поблиску…Ќе додадам уште една интрига: можеби сме веќе во Киев и само ја чекаме потребната наредба, вели Кадиров.

Тој истовремено упати закани до украинското раководство со повик да ја смени страната.

-Можете да се опуштите на минута и да не нè барате, ние секако ќе ве најдеме, продолжува Кадиров кој е лојален соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Кадиров повеќе од десет години суверено владее со руската Република Чеченија. Граѓанските активности го обвинуват за чести кршења на човековите права, со произволни апсења и нарачани убиства.