Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дали чоколадото ќе го чувате во фрижидер или во ормарот во куњата зависи каде било чувано кога вие сте биле дете. Станува збор за навика.
Но, експерт за чоколадо и судија на саемите за чоколади, Лук Овен Смит од Нов Зеланд вели дека е најдобро да се избегнува чувањето на чоколадо во фрижидерот.
Ако чоколадото го чувате во фрижидер, тоа станува безвкусно и кога го јадете не ја чувствувате вистинската арома.
Чоколадото треба да се чува на темно и суво место со умерена температура, бидејќи ако температурата е ниска се расипува вкуост.
Кога надвор е многу тополо, најдобро е чоколадото да го ставите во кутија и потоа во фрижидер, но никогаш не го јадете директно од фрижидерот, туку дајте му време да се загрее на собна температура.
Освен тоа, чоколадото впива мириси, па ако го ставите во фрижидер, се изложувате на ризик после тоа чоколадото да има вкус од вечерата од претходниот ден.