КАДЕ ОДИ ОВОЈ СВЕТ: Се повеќе млади бараат нова, поинаква пластична операција!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во текот на минатите години бевме сведоци на разни трендови во пластичната хирургија, а последниот тренд навистина е врв во ваквите тежнеења на младите за совршен изглед.

Имено, уште одамна се смета дека дупчињата на образите се неодоливи, па голем број девојки кои го немаат таквиот природен детал се решаваат тоа да го надоместат со помош на пластична операција.

Девојките како пример ги наведуваат ѕвездите како Миранда Кер, Хари Стајлс и Аријана Гранде, пишува Индепендент.

Целата постапка трае околу половина час, а потребна е само локална анестезија.

Операцијата се изведува така што докторите го прицврстуваат внатрешниот мускул на образот за долната површина на кожата, а дупчето се гледа дури при одредени движења на лицето како што се смеење или зборување, но не и кога тоа е опуштено, па така целиот ефект делува природно.

Доколку дамите не се задоволни од операцијата, добрите вести се што резултатот е привремен и трае само два месеци.