До каде ќе оди падот на цената на нафтата?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нафтата станува поевтина ширум светот. Најновиот пад на цената го предизвикаа вестите од вторникот дека либиското производство на нафта е на највисоко ниво во последните 4 години. Нафтата од марката Брент на средината од април чинеше 55 американски долари за барел, а во меѓувреме падна на 45,42 долари.

Експертите од банката Мецлер сметаат дека пазарот сега ќе ја тестира следната најниска цена од 42,70 американски долари. Ваква цена за наредните 4 до 6 недели не исклучува и експертот за енергија од Комерцбанк, Ојген Вајнберг. Но, потоа, според Вајнберг, цената ќе мора да се зголемува поради тоа што производството на нафта од шкрилци во САД е многу скапо. Цената не може да падне под 50 долари,а најчесто трошоците на производство се 70 долари.

Изворите на нафта каде се работи со т.н. фрекинг може брзо да се отвораат и затвораат. Тоа на нафтениот картел ОПЕК му отежнува да врши притисок и да ја користи својата моќ. Обидот во неомври 2016 година да се намали производството на нафта во земјите кои се дел од ОПЕК не успеа. Во договорот за намалување на дневното производство на 1,8 милиони барели нафта се вклучи дури и Русија. Првичниот рок за овој договор од 6 месеци во меѓувреме е продолжен до март 2018 година. Почнуваме нова ера на соработка, најави рускиот министер за енергетика Александер Новак.

Можеби е така, но соработката беше преслаба. Зашто, прво американските флексибилни производители се обидоа да го надополнат недостигот на секој барел нафта предизвикан од одлуката на ОПЕК. А, второ, двете ОПЕК земји кои не учествуваат во одлуката за ограничување на производството, Либија и Нигерија, ги отворија своите извори.