Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Вчера во Торино беа снимени посебни камиони во кои се товарат скапоцените автомобили на Португалецот. Медиумите ова го протолкуваа како најава дека Роналдо се спремна да го напушти Јувентус во летниот преоден рок. Меѓутоа може и да не е така.
Имено, неколку релевантни медиуми во Италија од извори блиски на играчот дознаа дека Роналдо обично во овој период од годината неговите автомобили ги испраќа на различни дестинации. Меѓутоа тоа е нешто што не можеше да го направи пред една година кога фудбалската сезона продолжи во јуни.
#CR7 trasloca le 7 supercar dal suo garage di Torino via Roclo Cargo, azienda trasporti di Lisbona 🏎️👀
Vuol dire tutto? Vuol dire niente? 🤔
(Video @persemprecalcio) pic.twitter.com/qX9moM93mr— Giacomo Scutiero (@SCUtweet) May 17, 2021
„Кориере Торино“ известува дека Роналдо своите автомобили ги премесил од причина што одржувањето на најголемиот дел од нив се проверува во Германија. Еден од неговите соседи Лучијано Саргоља за „Радио Пунто Нуово“ изјави дека автомобилите ќе бидат вратени по проверката.