Качер порачува: „Деми Мур лаже во мемоарите, за вистината – пратете ми порака“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ештон Качер се воздржа од било каков директен одговор на новообјавените мемоари од неговата бивша сопруга, актерката Деми Мур, кои се преполни со бомбастични изјави и тврдења. Но, актерот се огласи на Твитер.

41-годишниот Качер објави твит кој делува како реакција на обвинувањата од неговата бивша сопруга за неверства и наводни секс тројки. Качер на Твитер призна дека сакал да објави незгоден твит, но кога ги видел својот син, ќерка и сопруга, го избришал напишаното.

„Животот е добар – Лери Качер“, го цитираше во друг твит својот татко.

„Пишете ми порака за вистината“, напиша во трет твит, оставајќи го и својот број од мобилниот телефон.

Неговата серија твитови доаѓаат откако 56-годишната Деми Мур го обвини дека два пати ја изневерил пред нивниот развод во 2013 година. Тие беа во врска од 2003 година, а се венчаа во 2005.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Мур во мемоарите напиша дека него го ставала пред сè друго во животот. „Кога изрази фантазија да доведе трета личност во нашиот кревет, не реков не. Сакав да му покажам колку сјајна и забавна можам да бидам јас“, пишува таа.

Вели дека после таквиот секс се чувствувала посрамено. „Тоа беа добри луѓе, но сепак, тоа беше грешка“, вели Мур. „Бев необично преплавена со срам, не можев да се ослободам од тоа чувство дека некако сум виновна за сето тоа“.

Деми тврди дека после сексот во тројка, Качер се оддалечил од нивната врска. „Кога во вашата врска ќе внесете трета личност, се бриши таа граница. Тоа на некој начин го оправда и неговото неверство“, заклучува актерката.

Качер од 2015 е во брак со Мила Кунис, со која има две деца.