Качен на борна кола со руско знаме Бачев го бранеше името пред Собрание


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Водачот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме во раката, качен на борна кола од МВР пред Собрание, протестираше заедно со демонстрантите против потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.

Протестот беше организиран преку социјални мрежи.