Кабаева повторно го „запали“ интернетот: Путин, друже, признај бе – ја ожени или не?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако сакате да ѕирнете во приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин, тоа ви се фаќа исто како да сакате да ѕирнете во најтајните простории на КГБ или ЦИА. А токму поради таа мистериозност, неговиот приватен живот повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста. Фрката настана, нормално, околу неговата наводна партнерка Алина Кабаева која се појави со (мистериозен) прстен на раката во Италија.

Алина Кабаева престојувала во јадранското одмаралиште Песаро на редок јавен настап откако е најавена како амбасадорка на Светскиот ритмички гимнастички шампионат.

На случувањето се појавила во бел елегантен фустан носејќи на четвртиот прст на десната рака бурма. Нејзиното појавување ги поттикна читателите на про-Кремљ весникот „Комсомолскаја правда“ да побара од разведениот Путин да го разјасни статусот на Кабаева. Ова доаѓа и покрај непотврдените тврдења во Москва дека врската на Путин со ритмичката гимнастичарка е завршена и дека тој има друга тајна партнерка.

Алина ја покажа бурмата првпат пред три години на еден детски спортски настан во индустрискиот град Нижњекамск.

Иако Кремљ повеќепати ја демантираше нивната врска и ја нарекуваше „интернет вежба за избегнување на здодевноста“, факт е дека никој не знае кој е сопруг на Алина, ако тоа веќе не е Владимир Путин.