Јужнокорејските разузнавачи тврдат: Сестрата од Ким Јонг Ун станува сè помоќна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според тврдењата на разузнавачката агенција на Јужна Кореја, помладата сестра од Ким Јонг Ун, Ким Јо Џонг, стекнува сè поголема моќ во земјата со државните функции кои ги добива.

Ким Јо Џонг во моментов ја врши функцијата директорка на севернокорејскиот Секретаријат за пропаганда и агитација, а би можела да стане моќна речиси колку и највисокорангираните помошници на Ким Јонг Ун, пренесуваат американските медиуми.

Како што се наведува, таа останала на страна откако вториот самит на САД и Северна Кореја одржан во февруари не ги дал саканите резултати, а сѐ поприсутна во јавноста станала по ненадејната средба на Ким и американскиот претседател Доналд Трамп во Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.

Разузнавачката агенција наведува дека таа би можела да влезе во 10-те најмоќни луѓе во таа земја, што го покажува фактот што пред неколку дена, на одбележувањето на 25-годишнината на смртта на основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг таа била меѓу десетте функционери со кои Ким бил опкружен.

Ким Јо Џонг седела четири места од својот брат, а според тврдењата на јужнкорејските разузнавачи, нејзината моќ расте.

„Судејќи по фотографиите таа има ранг како претседателот на Народното собрание Чое Рјонг Хае и потпретседателот на владејачката Корејска народна партија Ру Су Јонг“, изјави претседателот на разузнавачкиот одбор на јужнокорејското собрание Ли Хје Хун, кој информациите ги добива од разузнавачките служби.