Спорт

Јувентус во „невозможна мисија“: Ги сака Крос и Ракитиќ!

Јувентус минатото лето со неколку трансфери покажа дека неговата цел е титула во Лигата на шампиони.

Спортскиот директор на „старата дама“, Марота потврди дека и во иднина клубот ќе прави трансфери како оној на Игуаин, кој беше платен 94 милиони евра.

„Бјанконерите“ сакаат засилувања во средниот ред, а медиумите пренесуваат дека на мета се двете ѕвезди на Барса и Реал Мадрид, Иван Ракитиќ и Тони Крос.

Јувентус веќе спремил 100 милиони евра за реализација на овие два трансфери, но сепак ќе биде многу тешко да дојде до нивна реализација.

Двајцата се многу важни алки во шпанските гиганти и неодамна ги продолжија договорите со своите клубови.

Advertisements
To Top