Јувентус веќе работи на враќањето на Пол Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Разочарувачката сезона на Манчестер Јунајтед сигурно ќе доведе до многу промени во тимот, а меѓу оние кои ќе го напуштат „Олд Трафорд“ веројатно ќе биде и најголемата ѕвезда, Пол Погба.

Реал Мадрид веќе подолго време покажува инетерс за Погба, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус.

Французинот се врати на „Олд Трафорд“ токму од составот на „старата дама“, но сега може пак да се врати во Торино. Погба е разочаран од слабата сезона за Јунајтед и отворено сака трансфер во друг клуб.

Негов фаворит е Реал Мадрид, но Шпанците и Јунајтед не можат да се договорат за сумата на трансферот. Така, играчот од средниот ред се чини дека е поверојатно да се врати во Јувентус.

„Бјанконерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент, а Раиола презел одговорност да го информира Манчестер Јунајтед за потегот на Јувентус, а останува да се види каква ќе бие реакцијата на премиерлигашот.

Како што е познато, Погба не е во добра врска со Оле Гунар Солскјер на „црвените ѓаволи“ размислуваат за продажба на Французинот, што ќе донесе големи финансиски средсва во касата на клубот.