Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за офанзивниот играч на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс.
Вилијамс со своите одлични партии во дресот на Билбао ги воодушеви европските гиганти, а најсилен интерес за шпанскиот репрезентативец покажува Јувентус, кој наводно почнал преговори со баскискиот клуб.
Овој 22-годишен фудбалер во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, а добро е познато дека баскискиот клуб е „тежок“ во преговорите за продажба на своите ирачи.
Јувентус е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис и наводно веќе започнал преговори со Билбао, а самиот играч нема ништо против да се пресели во Торино.