Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус стекнаа голема предност во однос на Наполи по првиот полуфинален натпревар во Купот на Италија, откако на домашен терен победија со 3:1.
Наполи по првиот дел имаше предност со голот кој го постигна Хосе Каљехон, но на стартот на второто полувреме Јувентус израмни преку Дибала од сомнително досуден пенал Потоа, по грешката на Реина, Гонзало Игуаин погоди за 2:1, а на крајот „бјанконерите“ добија уште еден пенал после контрата која ја направија Дибала и Квадрадо.
Наполитанците беа гневни поради оваа одлука бидејќи претходно во истата акција не беше досуден пенал над Албиол.
„Загубивме поради две судиски одлуки кои не само што се спорни, туку се срамни и штетни за италијанскиот фудбал. Кај првиот гол Дибала бараше контакт, тоа јасно се гледа на снимката. Кај вториот Реина стигна до топката, а потоа не можеше да исчезне, мораше да има контакт со играчот. Уште полошо е што тоа се случи откако не беше досуден пенал за нас над Албион. Одлуките на судијата беа навистина срамни“, изјави директорот на Наполи, Џунтили.