Јувентус му спреми три „подароци“ на Роналдо за роденден


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кристиано Роналдо денес го слави својот 34-ти роденден, а италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус му спрема три „подароци“.

„Тутоспорт“, весник близок до Јувентус открива дека Роналдо побарал во Торино да пристигнат тројца нови фудбалери кои според него значително ќе го зголемат квалитетот на тимот.

Доведувањето на најдобриот пријател на Португалецот, Марсело е приоритет на Јувентус кој веќе работи на тој трансфер. Меѓутоа, од Реал би требало да пристигне и Иско кој е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.

Вчера се појавија информации дека Роналдо лично го убедувал Хамес Родригез да му се придружи во Торино. Колумбиецот на лето ќе ја промени средината, па би можел повторно да игра со Роналдо во ист тим.

„Старата дама“ ќе се обиде да ги донесе сите тројца фубдалери на лето и така да ја исполни желбата на Кристиано Роналдо.