Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Шалке, Макс Мајер.
Договорот на Макс Мајер истекува на крајот на сезоната и тој во неколку наврати одби да го продолжи договорот со Шалке, бидејќи сака да ја промени средината.
Италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат 26-годишниот играч за врска без обештетување.
„Спортмедиасет“ пренесува дека двата клуба се во постојан контакт со неговиот агент и доставиле понуди за 4-годишен договор.
Јувентус во Мајер гледа како алтернатива на Емре Чан, додека за „росонерите“ Германецот е прв избор.
Интерес за одличниот играч за врска постои и од Барселона, Ливерпул и Арсенал, па останува да видиме која понуда ќе ја избере самиот фудбалер.