Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно зиантересиран за ѕвездата на Бешикташ, Ченк Тосун.
„Бјанконерите“ веќе подолго време го следат голгетерот на турскиот шампион и се спремни да испратат понуда во јануарскиот преоден рок.
Турските медиуми потврдија дека претставници на „старата дама“ пристигале во Истанбул и се спремни да понудат 15 милиони евра за потписот на Тосун.
Претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман бара пет милиони повеќе, но е спремен да започне преговори со италијанскиот клуб.
Тосун е најдобар стрелец на тимот сезонава и има постигнато 10 гола во сите натпреварувања, а покрај Јувентус за него се заинтересирани и други европски гигати.